Грчка Алфа ТВ: Коѕијас во следните денови ќе го посети Скопје
Шефот на грчката дипломатија во следните денови доаѓа во Скопје, објави грчката телевизија Алфа.
Во прилогот емитуван во централното издание на вестите, новинарката повикувајќи се на свои извори вели дека започнува клучна недела за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна.
- Според информациите на Алфа, Коѕијас се очекува да го посети Скопје во следните денови со првиот лет што ќе слета на аеродромот што ќе го носи новото име „Меѓународен аеродром Скопје“.
Грчкиот министерот за надворешни работи со него ќе го има и грчкиот предлог, во кој според истите извори, во последните 24 часа се средуваат деталите, објави грчката ТВ Алфа, пренесува МИА.
Според телевизијата, во нацрт спогодбата од грчка страна, освен името, вклучени ќе бидат и промените во Уставот што Атина ги бара од Скопје за „отстранување на иредентизмот“.
- Кога ќе постои договор, тој ќе биде комплетен, изјави за Алфа, функционер од грчката влада.
Грчките медиуми, како што јави дописникот на МИА од Атина, во изминатиот период, интензивно објавуваат дека шефот на грчката дипломатија, до крајот на месецов ќе го посети Скопје, како симболичен потег, по преименувањето на аеродромот, но и за лично да му ја предаде нацрт-спогодбата на Никола Димитров.
За овие информации за можна посета на Никос Коѕијас на Скопје, официјално не постои, ниту потврда ниту демант.
Ново на Сител
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

По 13-ти пат во Крушево се одржа уникатна манифестација „Дева“ со која се најавува Христовото раѓање
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Залутан куршум е причина за смртта на двегодишното дете на новогодишната ноќ
-

Бугарското МНР употреби фраза „достапен јазик“ наместо македонски, Скопје и Софија разменија остри пораки
-

Двајца возрасни и пет деца со повреди од петарди завршиле на Клинички - дали се потребни поголеми казни?
-

Град Скопје дебатираше за воздухот
