Гратче во САД со уникатна идеја за борба против корона-кризата
Печатница која се наоѓа во малиот музеј во гратчето Тенино, Вашингтон, САД, „се врати во живот“ по близу 90 години „молчење”. И сега задачата беше – печатење дрвени банкноти…
Дрвените блокови од по 25 долари го носат името на градот, се со натпис „COVID Relief“ (Ослободување од болеста на коронавирусот), обично наслоен врз слика на лилјак, и латинскиот израз „Habemus autem sub potestate“ (Го држиме под контрола). Целта е спас на финансиската состојба на гратчето.
Имено, пандемијата на коронавирусот предизвика рецесија во САД, уништувајќи го малиот бизнис и предизвикувајќи илјадници отпуштања. 3атоа, се бараат алтернативни и иновативни решенија. Во таа смисла, Тенино се наврати на својата уникатна валута, којашто 1931 година, веднаш по Големата депресија, ја зачувала економијата и животот во градот.
– Тоа беше првичната идеја: Зошто да не го направиме тоа повторно? Има смисла!, рече градоначалникот Вејн Фурние.
Тенино, гратче со помалку од 2.000 жители, се наоѓа на околу 95 километри југозападно од Сиетл. Концептот на градската валута, се состои во тоа што секој со документирана загуба на приходи поради пандемијата, има право на најмногу 300 долари помош во месецот. Парите може да се употребат во која било продавница, за која било стока, со исклучок на цигари, алкохол и лото-ливчиња.
Ново на Сител
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
-

Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
