Гран-при за театарот „Сартр“ од Сараево на петтиот фестивал „Гола месечина“
Гран-при за најдобра претстава на 5. Интернационален фестивал на комедијата „Гола месечина“ доби претставата „Једваносимсобоакаломистобо“ на Сараевскиот воен театар „Сартр“ од Босна и Херцеговина. Покрај Гран-при, и режисерот на претставата, Алеш Курт, ја доби наградата за најдобра режија.
Одлуката едногласно ја донесе жирито во состав: Иван Лео Лемо (претседател) и членовите: Магдалена Ризова-Черних и Љупчо Петрушевски, по проследувањето на шесте претстави кои од 18-ти до 24 јуни учествуваа на годинашниот фестивал (три од Македонија и три од БиХ и Србија).
Наградата за најдобра машка улога му се доделува на Фаик Мефаилоски за ликот на Ерџан во претставата „Синиот портокал“ на театарот „Јордан Хаџиконастантинов-Џинот“ од Велес.
Наградата за најдобра женска улога ѝ се доделува на Сања Крстовиќ за ликот на Живка (Г-ѓа министерка) во претставата „Госпоѓа Министерка“ на Народниот театар од Ниш.
Награда за најдобра епизодна улога оваа година добива Анета Томашевиќ за толкувањето на ликот Госпоѓа Потер во претставата „Кидај из моје кухиње” на Театарот од Шабац.
Костимографката Елена Дончева, пак, ја добива наградата за претставата „Дванаесетта ноќ (спроти Водици)“ во изведба на театарот „Антон Панов“ од Струмица.
На двајца актери им се доделува Награда за млад актер - Ефтим Трајчев Ѓаурски од Народниот театар Штип за улогата во претставата „Умри машки“, и на Давор Сабо од Сараевскиот воен театар „Сартр“ за улогите во претставата „Једваносимсобоакалимистобо“.
Наградите ќе им бидат врачени вечер на затворањето на петтиот фестивал, кој го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром.
Претходно ќе биде изведена претставата „Тоби“ на Театарот за деца и младинци, а по доделувањето на наградите пред публиката ќе настапи стендап-комичарот Марјан Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување