Гран При на „Битолино“ за израелската претстава „Четири басни и Кралицата“

Гран При наградата за „Најдобра претстава во целина“ на овогодинешниот Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“ ја доби театарската компанија „Рути Тамир“ од Модин, Израел за претставата „Четири басни и Кралицата“.
Како што соопштија организаторите на фестивалот, за наградата одлучуваше тричлено жири во состав Валентина Луц која е режисер и директор на Детскиот државен театар на Портите на Нарва од Санкт Петербург – Русија, како и актерката Соња Михајлова и режисерот Јован Ристовски од Народниот театар од Битола.
Директорот на фестивалот Васко Мавровски истакна дека особено е горд што петтото јубилејно издание помина одлично, со многубројна публика на сите претстави, а воедно и најави дека подготовките за шестото издание на Битолино ќе започнат уште од утре и ќе се потрудат да биде уште подобро издание.
„Четири басни и Кралицата“ е претстава во која четири приказни се заробени во една бајка, една виртуозна комична креација за осум животни и една кралица. Претстава која создаде еден магичен свет во кој на пластичен и лесен начин со многу специфични движења една актерка ни претстави четири приказни кои никого не остави рамнодушен. Рути Тамир дипломирала класичен и модерен балет во Израел, а своето образование го продолжила на универзитетите во Флорида и Охајо на секторите за актерска игра и пантомима, но исто така има работено во многу држави низ светот и е добитник на наградата за најдобра актерка во Израел за 2013 година.
На третиот и последен ден од Битолино беа прикажани претставите „Овоштарникот со праски“ во продукција на „Маска“ театар од САД и „Кралицата Конг“ во продукција на денс компанијата „Ла Базока“ од Авр, Франција со која се затвори фестивалот.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
