Граѓанските протести во Грција лани се зголемиле за 40 отсто во споредба со 2015
Граѓанските простести во Грција забележаа значителен раст во 2016 година, според грчката полиција, пишуваат денеска грчките весници.
Полицијата нагласи дека демонстрациите и другите граѓански протести во земјата се зголемиле во 2016. за 40 отсто во однос на претходната година, која беше првата година кога на власт дојде левицата СИРИЗА.
Се проценува дека во 2016 година граѓанските протести го достигнале нивото од првите години на меморандумот, потпишан со меѓународните кредитори на земјата, што е показател за незадоволството на Грците од владините мерки, пишува весникот „Вима“.
Податоците покажуваат дека лани се одржале 5.764 демонстрации и граѓански митинзи во целата земја, за кои биле ангажирани 129.069 полицајци.
Во 2015 година се регистрирани 4.110 демонстрации и митинзи, а во 2014 година 5.198.
2013 година се смета за рекордна, со оглед на тоа што тогаш биле регистрирани 6.231 граѓански протести.
Весникот „Нафтемборики“ нагласува дека кризата довела и до зголемување на криминалните дела. Минатата година се регистрирани 3.790 случаи на измами и грабежи, додека во 2015 година 3.168.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница