Граѓански здруженија контра Предлог-законот за отпис на каматите на долговите, бараат нов закон
Граѓански здруженија бараат да се повлече од собраниска процедура Предлог-законот за отпишување на каматите за наплата на долговите поднесен од група пратеници и да се донесе сосема нов закон.
Не се согласуваат со предложеното законско решение за отпис на каматите за наплата на долговите по основ на комунални дејности, телефонија, кабелски оператори и одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, бидејќи според нив се работи за застарени долгови на граѓаните настанати не по нивна вина. Сметаат дека предложениот закон е дискриминаторски и предлагаат да се направи закон за отпис на долговите на сите физички лица до три години.
- Со овој закон се врши легализација да се наплати нешто што воопшто не треба да се наплати. Не се виновни граѓаните што државата и судството не функционирале во 90-тите години и што предметите биле чувани, рече Маријан Ристевски од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија на денешната јавна расправа за Предлог-законот организирана од собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Забелешка имаат и на одредбата од Предлог-законот со која им е оставена можност на нотарите и извршителите на доброволна основа да одлучат дали ќе ги намалат своите наплатувања за услугите.
- На запад ако некој доцни со наплата прво на врата му доаѓа социјална служба, а не извршител. Во Холандија, Норвешка, Шведска и Италија државата не ги остава граѓаните на огромен арач од извршителите и нотарите. Не може за илјада денари долг, да се плаќа 70 или 80 илјади денари, посочи Ана Глигорова од здружението „Човекот на профитот“.
Од здружението „Но пасаран“ посочуваат дека одговорноста треба да се бара кај поранешниот министер за правда Михајло Маневски, кој ги создал овие правни проблеми.
Со Предлог-законот се предвидува отпис на каматите на наплата на долговите за кои има правосилна судска одлука или решение за извршување. За датум како пресек за кои предмети се однесува е одреден јули 2011 година кога стапи во сила трансферот на извршната функција од редовните судови на овластените извршители. Со законот ќе се отпишат само каматите, но не и наплатувањата кон нотарите и извршителите.
Ново на Сител
-
Приведен кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник
-
Пет лица од Тетово се тепале на Меѓународниот аеродром Скопје
-
Во сообраќајка тешко повреден 14-годишен мотоциклист
-
ОЈО: Обвинение против шест лица за фалсификување пари
-
Мицкоски: Преполовени царините на САД за Македонија, преговараме за уште пониски
-
Приведено лице од прилепско, возел со 1,79 промили алкохол во крвта
-
Нови директни летови од скопскиот аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и Ларнака
-
Приведен арачиновец, превезувал огревно дрво без дозвола