Македонија
26. April 2020 - 9:37

Граѓаните започнаа со донирање на данокот „Мој ДДВ“ во борбата против Ковид-19

Над 1.900 граѓани досега одлучиле да ги донираат парите кои им се враќаат од повратот на платениот ДДВ, односно од скенираните фискални сметки.

Корисниците на апликацијата Мој ДДВ можат да изберат дали ќе си ги задржат парите кои ќе се исплатуваат за скенираните сметки за првото тримесечје односно за јануари, февруари и март. Со донацијата се учествува во борбата против корона вирусот.

За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година.