Граѓаните со симптоми на коронавирус да не одат, туку да се јават кај матичниот лекар
Владата на Фејсбук ги повика граѓаните доколку имаат симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар.
-Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање, пишува во апелот на Владата.
Потсетува дека во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“.
-Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу 1 200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите, соопштува Владата.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска