Граѓaните со порака: Сорос, надвор од државата!
Џорџ Сорос е човекот кој сака мешајќи во сувереноста на државите да ја имплементира својата политика, а видовме како неговата политика се манифестираше врз народната канцеларија на Претседателот.
Ова на денешниот протестен марш го истакна еден од членовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.
Повтори на минатогодишните случувања, и кршењето и палењето на народната канцеларија од страна на активистите на т.н. Шарена Револуција.
-Ја гледате и нашата, повторно отворена канцеларија, изгледа прекрасно со македонските знамиња, претставувајќи ја институцијата Претседател на Република Македонија, потенцира Илиевски.
На маршот денеска можеа да се забележат транспаренти против Џорџ Сорос. „Кукларот и неговата играчка“, „НЕ за Соросова Влада“ и „Рама = Соросова платформа“ се само дел од многубројните транспаренти кои граѓаните ги истакнаа.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите