-->
-->
„Граѓаните“ не го даваат врвот во Премиер лигата
-->
Манчестер сити се врати на првото место во Премиер лигата на две кола пред крајот на лигата, откако по 12-ти пат едноподруго победија во лигашки натпревар, овојпат со 1:0 на блиското гостување кај Барнли.
Еден час се „тресеа“ навивачите на англискиот шампион откако нивните миленици не успеваа да го „скршат“ отпорот на незгодниот Барнли, за во 63. минута, Серхио Кун Агуеро да постигне гол по една мешаница пред голот на домаќините, иако Ешли Барнс се обиде да ја извади топката од гол-линија.
Со ова тимот на Пеп Гвардиола се врати на првото место со 92 поени, еден повеќе од Ливерпул со само уште два натпревари до крајот на сезоната – против Лестер дома (5 мај) и против Брајтон на гости (12 мај), кои ако ги добијат тогаш се сигурно шампиони без разлика на резултатите на Ливерпул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања