Граѓаните на Црна Гора собраа над 200 илјади евра за лекување на малата Селена

Тригодишната Селена Мандиќ, тешко болната ќерка на семејството новинари од црногорскиот весник „Вијести“ за два дена ја обединија Црна Гора, односно само за 48 часа се собраа над 200 илјади евра за нејзинот лекување во САД.
Селена има дијагноза за неуробластома и се наоѓа во детската болница во Синсинати во САД.
Родителите на девојчето упатија повик до сите луѓе со добра волја да им помогнат.
Први на апелот се одзваа колегите новинари од сите медиуми во Црна Гора, независно од нивната уредувачка политика и честите взамени несогласувања. Сите електронски и печатени медиуми објави броеви за СМС и банкарска сметка за помош и постојано информираат за здравјето на девојчето.
Кон акцијата се приклучија и голем броуј граѓани, компании и невладини организации и за само 48 часа беа собрани над 200 илјади евра, колку што се потребни за лекување на детето.
Акцијата продолжува, а сите дополнителни средства ќе бидат насочени кон специјален фонд за лекување на деца, болни од рак.
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
