Граѓаните да патуваат со лиценцирани агенции и да потпишуваат договори
Граѓаните при туристичките патувања да проверат дали агенцијата со која патуваат е лиценцирана и да потпишат договор пред патување за да не бидат измамени, апелираат од надлежните институции.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека полесно е да постапат по преставките кои стигнуваат кај нив доколку граѓаните имаат договор потпишан со агенцијата, програма за патувањето и фискална сметка дека платиле за услугата. Во случаи кога туристичките аранжмани се купуваат онлајн, потребно е поголемо внимание од страна на потрошувачите и проверка дали агенцијата има лиценца А или Б. Тоа може да се провери на веб страницата на Министерството за економија.
– Некогаш на онлајн ќе ви нудат услуга дека одите во феноменален хотел, а кога ќе отидете таму, потоа во поплаките се праќаат фотографии дека буквално нема ниту тоалети. На онлајн може секој да биде нашминкан, а друго е кога ќе отидете во туристичка агенција, ќе потпишете договор и ќе земете програма каква што ви нудат за парите што ги давате, истакна директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој вели дека се запознаени со најновиот случај на измамени граѓани преку „Одмори се“ и оти прават напори да го решат случајот, иако во дадената ситуација им се врзани рацете бидејќи нема потпишано никаков договор меѓу потрошувачите и агенцијата и комуникацијата е водена само телефонски, а уплатата е направена на друга жиро сметка.
– Во тек сме со случајот и ќе најдеме решение, но некогаш и самите потрошувачи прават грешки. Комуникацијата е телефонска и правиме напори за да им излеземе во пресрет, но рацете ни се врзани, појасни Пауновски.
Додаде дека има различни предлози околу висината на банкарската гаранција, но оти за големите тур оператори гаранцијата ќе се движи од 50 до 100 илјади евра.
Од Министерството очекуваат законот да биде испратен до Владата на разгледување по претседателските избори.
Ново на Сител
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи