Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра
Граѓани, компании и институции минатата година купиле осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување во вкупна вредност од 10,06 милијарди денари (163,7 милиони евра), покажуваат официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за состојбите на осигурителниот пазар во 2020 година.
Од АСО наведуваат дека на нашиот осигурителен пазар оперираат 16 компании од кои 11 друштва продаваат неживотно осигурување, а пет се компании за животно осигурување.
Вкупната бруто полисирана премија, односно вкупна вредност на продадени полиси во 2020 година е за 270,6 милиони денари или 4,4 милиони евра, односно пет отсто пониска од вредноста на продадените полиси во 2019 година, кога сите осигурителни друштва инкасирале 10,58 милијарди денари или 172,1 милиони евра од продажба на полиси. Детални податоци се достапни на следниот линк https://aso.mk/preliminarni-
Во вкупната продажба на осигурителни полиси друштвата за неживотно осигурување учествувале со 82,7 отсто. Продажбата на полиси од класите на неживотно осигурување изнесува 8,3 милијарди денари (135,4 милиони евра). Друштвата за животно осигурување лани од продажба на полиси наплатиле 460,2 милиони денари или 28,3 милиони евра.
Од АСО оценуваат дека здравствената пандемија лани генерално негативно влијаеше врз националната економија, а тоа се одрази и врз работата на осигурителните друштва. Нивната вкупна продажба на осигурителни продукти се намали за пет отсто. Но и покрај тоа 14 осигурителни друштва минатата година ја завршиле со добивка во вкупна вредност од 627,3 милиони денари, односо 10,2 милиони евра.
АСО неодамна препорача осигурителните компании да се воздржат од исплата на дивиденда. Препораката има за цел компаниите да останат во добра финансиска кондиција во овие специфични и неизвесни услови на работење предизвикани од глобалната здравствена пандемија, а добивките да ги пренесат во капиталот и резервите со цел да останат солвентни и ликвидни. Проактивниот пристап, како што наведуваат во соопштението, на АСО преточен во препораката има за цел осигурителните друштва да можат навремено и во целост да одговорат на финансиски побарувања на осигурениците и нивните права кои произлегуваат од договорите за осигурување.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело, основано во 2009 година, кое го регулира пазарот за осигурување и се грижи за заштита на правата на осигурениците и развој на перцепцијата за значењето на осигурувањето.
Ново на Сител
-
Протест на вработени во институциите на ЕУ против израелските воени операции во Газа
-
Во Струга до 17 часот излезноста за претседател 23 проценти, за парламентарните избори 35 отсто, во Вевчани над 63 проценти
-
Двајца фаворити на изборите во Бугарија се на американската црна листа
-
Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 17 часот e 37,66, за парламентарните е 44,82 отсто
-
Во Југоистокот продолжува трендот на најголема излезност во Дојран и Гевгелија, најмал во Радовиш
-
Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори
-
Излезноста до 17 часот за претседателски избори е 42,32%, за парламентарни 46,93%
-
Пет лица повредени откако од патот излета возило со албански регистрации во Струшко