Македонија
11. September 2016 - 14:42

Градско: Полицајци раниле криумчар на мигранти, пукале во воздух, го раниле во рамо

На автопатот Гевгелија - Скопје од наплатната рампа „Градско“ синоќа околу 04:15 часот полициски службеници следеле патничко возило „голф 3“ со кумановски таблички управувано од 21-годишниот С.М., кој превезувал 10 мигранти. 

На наплатната рампа „Отовица“, С.М. го напуштил возилото и побегнал, по што полициските службеници тргнале по него и испукале еден куршум за заплашување.

С.М. бил погоден во пределот на левото рамо и пренесен во Медицинскиот центар во Велес.

По укажана лекарска помош, тој е задржан во СВР Велес. Увид на местото на настанот се очекува да се изврши во текот на денешниот ден.