Градските автобуси утре ќе сообраќаат по неделен возен ред
Поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, утре автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП Скопје.
-Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно). Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници, соопшти ЈСП Скопје.
Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7:00 до 19:30 часот ќе работат билетарницитре на Транспортен центар и на Зелен пазар, а од 7:00 до 13:00 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг

