Градските автобуси со изменет возен ред за празниците
Автобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници ќе сообраќаат по изменет возен ред.
Денеска автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред,а ноќните линии денеска и утре вечер ќе работат по возен ред како во сабота кон недела. За празникот на 1. јануари автобусите преку ден ќе сообраќаат по неделен возен ред, додека во среда ќе се води по делничен возен ред.
Од 3 јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред, но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран. На 7 јануари (понеделник) автобусите ќе возат по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.
-Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември, со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот, а на 1 јануари ќе почне со работа од 11 часот. Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на телефонот 3173-224, порачуваат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси