-->
-->
Градскиот превоз на Милано од 2020 на електрична енергија
-->
Италијанскиот град Милано планира да стане еден од првите градови во Европа, кој целиот јавен превоз ќе го врши со електрични возила и се надева дека тој план ќе го постигне во 2030 година.
Во моментов, 97 отсто од градските автобуси возат на дизел, а од 2020 година, Милано планира да престане да купува такви возила, соопшти компанијата за јавен превоз АТМ.
До крајот на 2030 година, АТМ планира целосно да ги отстрани од јавниот превоз возилата на фосилни горива. Така, градот треба да има 1.200 електрични автобуси, со што ќе се намалат емисиите на CO2 за речиси 75.000 тони годишно.
- Милано ќе биде еден од првите градови во Италија и Европа, кој ќе го организира целосносвојот јавен превоз со електрични возила, се вели во соопштението.
Во преодните години, дел од јавниот превоз ќе се врши со хибридни автобуси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ