Градот Скопје беше дел од акцијата „Часот на планетата Земја“
Градот Скопје вчера вечер беше дел од „Часот на планетата Земја“ - најголемата светска волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час да испрати силна порака за спас на планетата.
Мотото на глобалната акција оваа година е „Заблескај светлина на климатските промени“.
Акцијата „Часот на планетата Земја“ траеше од 20:30 до 21:30 часот, каде илуминацијата беше исклучена на следните локации во центарот на градот: улицата Македонија, палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, Паркот „Жена борец“ и спомениците, плоштадот „Филип Втори“, мостот „Око“ и Мостот на уметноста.
Покрај исклучувањето на илуминацијата на овие објекти, на настанот се изведе и преформанс со 300 свеќички на улицата Македонија.
Во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ се вклучуваат над 170 земји, а многу градови низ светот ја поддржуваат оваа акција со симболично исклучување на осветлувањето на споменици, згради, мостови, канделабри во парковите,... Ова глобално еколошко движење е креирано од WWF (World Wildlife Fund), а поддржано од ОН. Целта е да ја охрабри глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ