Македонија

Градоначалникот Трајановски во Шипковица

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски денеска го посети тетовското село Шипковица заедно со екипа од 40 работници од ЈП „Комунална хигиена“.

Град Скопје пред два дена во Тетово и во регионот испрати тим за техничка помош и механизација за справување со последиците од поплавите.