Градоначалникот Трајановски се сретна со гости од збратимениот град Нирнберг

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска се сретна со триесетина гости од збратимениот град Нирнберг предводени од Луис Прада, одговорен за соработката на градот Нирнберг со Скопје.
Посетата се оставрува во рамките на одличната соработка меѓу збратимените градови Скопје и Нирнберг и е во насока на интензивирање на туристичиката соработка меѓу двата града особено по неодамна воспоставената директна авионска линија Скопје - Нирнберг. Гостите од Нирнберг туристички престојуваат во Скопје од 02.09.2015 до 06.09.2015 година.
- Добредојдовте во Скопје и се надевам дека имате пријатен престој. Со нашиот збратимен град Нирнберг имаме долгогодишна одлична соработка во повеќе области особено во здравството, културата, образованието и противпожарната заштита, изјави Градоначалникот Трајановски.
Претставникот од Градот Нирнберг задолжен за соработката со Скопје, Луис Прада пренесе срдечни поздрави од Градоначалникот на Нирнберг и ја нагласи одличната соработка меѓу двата града, потенцирајќи дека Скопје им е еден од најважните градови за соработка.
За време на средбата, гостите од Нирнберг ги искажаа своите импресии од Скопје и изразија задоволство од нивниот престој.
Ново на Сител
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
