Градоначалникот Сарамандов изврши увид во работењето на ТППЕ Гевгелија
Градоначалникот Андон Сарамандов беше во посета на ТППЕ Гевгелија каде изврши увид во работењето на пожарникарите и беше запознаен со проблемите и потребите на вработените.
Од страна на командирот Игор Ризов, градоначалникот беше запознаен дека изминатава година вработените биле ангажирани во гаснење на 191 пожар на територијата на своето дејствување или 57 пати повеќе во однос на претходната година.
Најголемиот дел, или 126 пожари, се случиле на отворен простор, 39 избувнале во објекти, пет пати се интервенирало на сообраќајни средства, девет биле технички и уште 12 биле разни други интервенции.
Пожарникарите ја нагласија потребата од понатамошно зголемување на нивната личната опрема за гаснење на пожари како и на возниот парк, при што од градоначалникот Сарамандов беа информирани дека наскоро преку ИПА проект за прекугранична соработка со Бугарија, ќе добијат специјализирана заштитна опрема за гаснење шумски пожари, а преку ИПА проект за прекугранична соработка со Грција и мало теренско противпожарно возило.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци