Градоначалникот Поцков го посети првото бебе родено годинава во Општина Гевгелија

Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков денеска ги посети среќните родители и нивното бебе Василија Камчева од село Моин кое е првото родено во оваа општина во 2020 година.
Поцков на малата Василија и подари чек од 10.000 денари, како и пакет со бебешка козметика и храна.
Младата брачна двојка, Драгица и Перо Камчеви, ќеркичката со тежина од 3.150 грама и должина од 51 сантиметар, ја добиле уште во првиот ден од Новата година, но среќната мајка на свет ја донела во болницата во Струмица.
Ова е нивно второ дете, а првото, синот Душан, исто така, беше прво новородено дете во општина Гевгелија во 2017 година. Од Општината посочија дека освен на првороденчето, за вкупно 194 новородени бебиња во изминатава година биле исплатени ваучери од по 6.000 денари, а за секое третородено дете во семејство по 12.000 денари.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
