Градоначалникот на Велес Чадиев реагира за воведувањето двосменско работење во градинките

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев на денешната прес-конференција, реагираше на одлуката на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за воведување на двосменско работење во детските градинки.
Чадиев рече е многу тешко да се реализира оваа одлука од 1 септември и оти за тоа има многу причини.
- Никој од МТСП не ја контактираше Општината како основач на детските градинки за да побара мислења или став, никој од Министерството не ја контактирал детската градинка „Димче Мирчев“ за да ги слушнат нивните искуства, да прашаат дали имааат просторни услови и кадар, никој од Министерството не ги контактирал ниту родителите. Тие се најповикани, рече Чадиев. Родителите, според него, треба да кажат дали сакаат децата да им одат во градинка во смени и дали времетраењето на овие смени кои се предложени им одговараат.
Обвини дека проектот не е спроведена јавна дебата и оти стручната јавнос не дебатираше пред донесувањето на одлуката.
Велешкиот градоначалник смета дека е потребно ваквите одлуки добро да се осмислат, да се направат темелни анализи на можностите со кои располагаат установите па потоа да се воведат.
- Детските градинки „Димче Мирчев“ во Велес се едни од најдобрите институции од ваков вид во Репувлика Македонија. Од година на година расте бројот на деца кои се згрижени таму. За да им излеземе во пресрет токму на барањата на родителите Советот на Општина Велес има донесено одлука за продолжување на работното време на институцијата. Во велешките градинки децата се згрижуваат наутро од 05:30 часот, а може да бидат таму до 18:00 часот, се со цел граѓаните кои работат во Скопје, Кавадарци, Штип или во Велес, но со работа започнуваат пред или во 07:00 часот да можат да стигнат навреме, појасни Чадиев.
Доколку МТСП, како што кажа, дојде со план и конкретни чекори како да се реализира двосменското работење, а тоа да не биде на штета на родителите или на децата, велешката локална самоуправа ќе помогне тој план да се реализира, во спротивно ќе се спротивстави.
Ново на Сител
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фанагата во Данска на ЕП
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
