Македонија
8. April 2016 - 14:31

Градоначалникот на увид на градежните активности за изградба на летен базен во Куманово

Градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски денеска изврши увид во отпочнувањето на градежните активности за партерното уредување и изградбата на рекреативниот летен базен кој ќе биде дел од затворениот базен, лоциран во близина на спортската сала во Куманово.

На прес-конференцијата Дамјановски најави дека предвидена е изградба на пропратни објекти, тобогани, ресторански дел, соблекувални.
 
- Денеска се поставува темел на рекративниот базен и се надеваме дека овој анекс или  дополнување на дозвола за градба за партерно решавање,рекреативниот базен со придружни содржини ќе биде завршен по некои наши видувања од 15 до 25 јуни, а затворениот базен,според нашите претпоставки ќе биде пуштен во употреба на 5 јуни. Тоа е наша заложба, иако има најави од изведувачот дека може да биде пуштен во употреба и во средината на мај, изјави Дамјановски.
 
Летниот базен афаќа површина од 550 квадратни метри со 200 места предвидени за посетителите.
 
- Вкупната сума на инвестицијата затворениот базен со дополнување на техничките решенија кои беа во текот на градбата кој се гради повеќе од три години е нешто под 200 милиони денари заедно,со партерот, рекративниот базен и сите внатрешни содржини, рече Дамјановски.
 
Тој нагласи дека оваа инвестиција се реализира исклучиво од парите на граѓаните, без, како што подвлече, каква било поддршка од која било институција од државата и меѓународни донации. Според Дамјановски затворениот базен ќе користи економски исплатливо затоплување  со сончева енергија и гас, ќе се користи озонска обработка на водата наместо хлорирање.
 
- Комерцијалниот дел од базенот е завршен во фаза на карабина и наскоро нема да биде пуштен во употреба.Предвидено е да биде спортски-хотелски комплекс,има можност во иднина да се направи спа центар за кој ќе бараме јавно-приватно партнерство, конецесионирање,се зависи од политичката волја на партиципиентите во Советот, изјави Дамјановски.
 
Паралелно со овој проект, додаде Дамјановски, ќе започне санација на паркингот, хортикултурно уредување ,мал парк пред базенот, со фонтани,со што ќе се рехабилитира просторот пред базенот со летен атриум кој ќе стане интегрален дел од самиот базен.Се уште не се знае кој ќе стопанисува со базенот, бидејќи, објасни Дамјановски, во моментов се вршат договори со едно од  јавните претпријатија. Нагласи дека сите училишта ќе добијат одредени термини за користење на базенот и дека ќе биде предвиден одреден термин за граѓаните.