Градоначалникот на Скопје Шлегов во посета на Тирана
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и неговиот домаќин, првиот човек на Тирана, Ерион Велиај, оцениле дека односите и соработката меѓу двете метрополи ќе бидат на едно ново ниво, ползувајќи го меѓусебното искуство.
- Многу сум ентузијаст во врска со фактот што премиерот Рама и премиерот Заев започнаа нова ера на соработка меѓу Албанија и Македонија, сега на ред се градовите, па така Скопје и Тирана треба да продолжат со истата енергија. Шефовите на владите, секако, имаат обврска да ги обединат нациите, а во градовите се движи животот, се одвива стопанскиот, трговскиот, културниот и уметничкиот живот, оценил Велиај, објави ТВ Топ Чанел, пренесува МИА.
Тој посочил дека има многу области каде што двете општини можат да имаат конкретна соработка и најави дека исто така работат на конкретен календар на активност.
- Со нетрпение очекувам во 2018 година да имаме заеднички календар помеѓу Тирана и Скопје за многу од овие активности. Следната година ќе го посетам Скопје, во официјална посета и со нетрпение очекувам, како што рече Петре, да научме еден од друг. Ако нешто подобро се направило во Скопје, треба да го сториме тоа и во Тирана и обратно, она што е добро во Тирана, можеме да го споделиме со Скопје, Приштина или други градови, рече Велиај.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов му се заблагодарил на градоначалникот Велиај за неговото гостопримство и додал дека меѓу двете општини постои волја и желба за унапредување на соработката и размена на искуства во полза на животот на граѓаните.
Градоначалникот Велиај беше домаќин на неговиот скопски колега Шилегов, една година по потпишувањето на меморандумот за збратимување.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец