Градоначалникот на Шуто Оризари крвнички претепан, во безсознание однесен во болница
Актуелниот градоначланик на скопската општина Шуто Орузари, кој воедни е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, крвнички биле претепани со метални и дрвени прачки и попладнево од група насилници, објави НетПрес.
Според првичните информации до кои дојде Нетпрес, Бајрам бил во друштво со лицето Аднан Мемет, кое е дел од неговиот изборен штаб. Двајцата оделе во посета на жители на населбата Шуто оризари, како дел од предизборната кампања. Околу 17.50 часот додека се движеле по улицата Гвадалахара, четири лица непознати, без никакви причина, физички го нападнале прво Аднан, а потоа и Бајрам. Откако со тупаници ги собориле на земја, почнале да ги удираат со клоци и со метални и дрвени прачки.
Случајoт бил пријавен и во полиција.
Ново на Сител
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги

