Градоначалникот на Кавадарци пријавил закани од сограѓанин
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев пријавил закани од страна на сограѓанин, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 14:05 часот во ОВР - Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години - градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот, појаснија од СВР - Велес.
Оттаму соопштија дека денеска во 4:30 часот во Неготино, полициски службеници ги лишиле од слобода С.А. (45) и С.Д. (35), двајцата од Радовиш. Тие се сомничат дека околу 3:30 часот се обиделе да извршат „тешка кражба“ во куќа во Неготино, а откако биле забележани од сопственикот со патничко возило „бмв“ со радовишки ознаки, го напуштиле местото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 15 часот во СВР - Велес било пријавено дека во село Возарци, кавадаречко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.М.(53) и М.М.(49) од селото, од една страна и Т.С (21) и 16 - годишно девојче, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ
-
Вчера казнети 949 возачи
-
Лазаров: Воопшто нема да го потцениме Бриксен, одиме на победа и на реваншот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за стружанец вработен во Управата за имотно правни работи