Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, неговата екселенција Џанг Ѕуо. Средбата се случуваше во “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”, училишен објект кој се изгради во 2014-тата, со целосна донација од НР Кина. Градоначалникот и амбасадорот заедно го разгледаа училиштето, како и училишната спортската сала која исто така се изгради со кинеска финасиска поддршка во 2019 година. Поразговараа и се договорија за сферите во кои постојат можности за унапредување на соработката. Средбата беше заокружена со подарок за училиштето од страна на кинеската амбасада, дванаесет таблети кои треба да помогнат во изведување на наставата.
-Од мое лично име и од име на сите наши ученици и вработени во ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”, сакам да се заблагодарам и да истакнам дека силно ги почитуваме и вреднуваме сите досегашни инвестиции на НР Кина во нашата општина. Посебно ме радува што од нив најголем бенефит имаат најмладите, нашите ученици од Драчево. НР Кина во многу наврати докажала дека е голем пријател на Општина Кисела Вода, бидејќи пријателството се мери преку добрите дела. Искрено верувам дека ова вредно и долготрајно заемно почитување ќе продолжи, а нашата соработка ќе се продлабочи-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Амбасадорот Џанг Ѕуо, истакна дека образованието значи вложување во иднината, и претставува гаранција за севкупниот напредок на општеството. Оттука, подвлече, Општина Кисела Вода може да очекува поддршка од НР Кина во проекти за подобрување на условите во училиштата, но и во многу други сфери, истакна тој додавајќи дека со задоволство ја прифаќа понудата на градоначалникот за официјална средба во општината.
Ново на Сител
-
Продлжува комисисиската расправа за Предлог - буџетот за 2025 година
-
Трамп може да ја преиспита одлуката за нападите со ATACMS на руска територија, тврди извор од тимот за транзиција
-
Заедничка седница на владите на Македонија и на Косово во Приштина
-
Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна
-
Тајмс: Американски ракети со долг дострел најверојатно ќе се користат во борбите во Курск
-
Студено со појава на магла наутро, преку денот сончево со мала до умерена облачност
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија