Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба во Кисела Вода, граѓаните претставија идеи, предлози и проблеми

Во рамки на теренската посета „Блиску до народот – доследни на зборот“, во организација на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода се одржала средба со граѓаните кои ги споделија своите идеи, предлози и проблеми, информира денеска прес-службата на Град Скопје.
На средбата присуствувале претставници на институциите, директори на јавните претпријатија, како и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, при што била потенцирана заложбата институциите да бидат директно присутни меѓу граѓаните и навремено да одговараат на нивните потреби.
- Во отворен разговор со присутните граѓани беа разгледани актуелните проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на Кисела Вода, тековните проекти што се реализираат, како и идните активности и планови за развој на Скопје. Од средбата беше испратена јасна порака дека вистинските промени се создаваат преку директна комуникација со граѓаните и преку заедничка работа на терен, се вели во соопштението.
Град Скопје најавува дека теренските посети „Блиску до народот – доследни на зборот“ продолжуваат и во останатите скопски општини, со цел институциите да останат достапни, отчетни и блиски до граѓаните.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
