Градоначалничката на Сиетл му порача на Трамп: Врати се во својот бункер
Градоначалничката на Сиетл, Џени Даркан изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да се „врати во својот бункер“ откако тој се закани дека ќе интервенира поради автономната зона што демонстрантите ја прогласија во градот.
Даркан алудираше на неодамнешното носење на Трамп во бункер во Белата куќа поради демонстрациите против расизмот и полициската бруталност поради смртта на Афроамериканецот, Џорџ Флојд.
Трамп се закани дека ќе интервенира во квартот во Сиетл наречен „Автономна зона Капитол Хил“, што ја договорија демонстрантите и градската полициска управа. Тој вчера на Твитер објави дека Сиетл е преземен од „локални терористи контролирани од радикалните левичарски демократи“ и ги повика Даркан и гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли да воспостават контрола врз градот.
– Вратете си го градот СЕГА. Ако вие тоа не го направите, ќе го направам јас. Ова не е игра. Тие ужасни анархисти треба да бидат запрени ВЕДНАШ. РЕАГИРАЈТЕ БРЗО, напиша Трамп на Твитер.
Инсли му порача на Трамп да престане да твита.
Ново на Сител
-

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак
-

Грчките земјоделци во четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција
-

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела
-

Уапсени двајца кавадарчани бидејќи украле клупа која припаѓа на општината
-

При ископ на земјиште во гостиварско пронајден цел арсенал оружје и муниција
-

Уапсена 36-годишна жена од Демир Капија, си го истепала сопругот
-

Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила
-

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, ќе има законски измени
