Градинките ќе се отворат навремено, деновиве целосно ќе заврши скринингот на вработените, најави Спасовски
Премиерот Оливер Спасовски очекува градинките да се отворат навремено кога ќе биде завршен комплетно скринингот и кога ќе се почувствува дека и децата и вработените во градинките ќе бидат безбедни.
Тој информира дека вчера од Министерството за здравство бил известен оти уште некој ден ќе заврши целосниот скрининг на сите вработени во градинките, по што, најави, ќе се разговара прво во Комисијата за заразни болести, а потоа и во Владата за денот на отворањето на градинките.
– Ситуацијата со Ковид – 19 е непредвидлива секаде не само кај нас. Зависно од тоа како ние се однесуваме можеме да ја имаме предвидливоста пред нас, а одговорноста на секој еден човек, одржувањето дистнца, носење заштитна опрема ќе придонесе за подобрување на состојбата со Ковид – 19 , изјави премиерот Оливер Спасовски, кој заедно со заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ направија увид во градежните работи на нова, енергетски ефикасна градинка во Драчево, општина Кисела Вода.
Спасовски апелираше до граѓаните сите работи што ги предлага Комисијата, а како одлуки ги носи Владата да бидат испочитувани.
– Што повеќе почитуваме мерки, држиме дистанца, што повеќе носиме заштита опрема, толку повеќе че се враќаме во нормалниот живот во државата. Ковид – 19 е болест со која ќе мора да се научиме да живееме и понатаму, межутоа одговорното однесување мора да придонесе сето тоа да биде во рамки што може да ги поднесе и здравствениот систем и државата, рече меѓу другото Спасовски.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени