Градежни активности на булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Индира Ганди“ во Скопје
Екипи на Град Скопје од вечер почнуваат со градежни активности за реконструкција на крстосницата на булевар „Кочо Рацин“ со улицата „11 Октомври“ (кај Црвен крст).
Како што соопшти Град Скопје, градежните работи ќе се одвиваат непрекинато во наредните 36 часа, со цел во понеделник наутро раскрсницата целосно да биде проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на градот.
Реконструкцијата на целиот булевар се очекува да заврши во текот на следната недела.
Поради градежни работи – изведување на прекопи од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“, улицата „Индира Ганди“ вечер од 22 часот ќе биде затворена за сообраќај до утре во 5 часот.
Од Град Скопје ги повикуваат граѓаните да имаат разбирање додека траат градежните активности, а учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.
Ново на Сител
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти