Градче во Каталонија прогласи независност од Шпанија
Градот Белпуџ во шпанскиот регион Каталонија синоќа соопшти дека прогласи независност на Каталонија од Шпанија.
Иако советите на поголем број други градови и села донесоа слични декларации, советот во Белпуџ се смета дека е првиот што се реши на tаков чекор, кој доаѓа во период на засилени тензии меѓу властите во Мадрид и Барселона околу следните чекори.
- Белпуџ е првиот град каде е прогласена независноста, соопшти каталонската телевизија 324. Градскиот совет наздрави со шампањско по прогласувањето на независна Каталонија.
Градчето се наоѓа стотина километри западно од Барселона и се приклучи на кампањата која се организира низ цела Каталонија, каде градските совети се повикани да гласаат за независност. Каталонскиот Парламент треба да се состане вечерва, при што ќе се обрати претседателот на Владата, Карлес Пуџдемон, од кого се очекува да ги најави натамошните чекори кон планираното отцепување од Шпанија.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата