Град Скопје предлага за фонтаните во Центар да се грижи „Водовод и канализација“
Со Предлог-одлуката за отстапување на чување, одржување, заштита и користење на фонтани, која е на дневен ред на денешата седница на Советот на Град Скопје, се предлага јавното претпријатие „Водовод и канализација“ да ја преземе оваа обврска за поголем број фонтани лоцирани во централното градско подрачје.
Со предлог-одлуката Град Скопје оваа обврска ја префрла на ЈП „Водовод и канализација“. Со неа се опфатени „Воинот на коњ“, подната фонтана на плоштадот „Македонија“, фонтаните на плоштадот „Карпошово востание“, на плоштадот „Богородица“, фонтаната на мостот „Око“, во паркот Жена борец и на плоштадот „ВМРО“.
- Одржувањето на фонтаните од 2013 година го вршеше Град Скопје, за чија цел се склучени неколку договори со ДГ „Бетон“, за што од градскиот буџет се одвојуваа од 25 до 30 милиони денари годишно. Средствата што досега беа користени за оваа намена, во иднина ќе бидат пренаменети за реализација на капитални проекти, информира Град Скопје.
Со новата одлука Град Скопје ги отстапува фонтаните на чување, одржување, заштита и користење на „Водовод и канализација“. Основна дејност на ова претпријатие е собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење, како и одведување урбани отпадни води, обезбедување здравствено исправна вода за пиење неопходна за животот на граѓаните и воопшто за функционирање и развој на Град Скопје. Според градските власти, претпријатието е најстручно и најспособно за одржување на фонтаните.
Град Скопје се обврзува да ги подмирува сметките за потрошената електрична енергија на фонтаните, но нема да одвојува дополнителни средства за нивно одржување.
Пред советниците на Град Скопје вкупно е 41 точка, меѓу кои одлуката за донација на две специјални возила „пајак“, едното за ЈП за одржување улици и патишта и други комунално-услужни дејности „Стипион 2011“ Штип, а второто за општина Охрид. Советниците ќе дискутираат и за Предлог-одлуката за учество на Град Скопје во изградба на спортска сала во СУГС „Сарај“ во општина Сарај, како и повеќе предлог-одлуки за именување членови на надзорните одбори на повеќе јавни установи во Скопје.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани