Град Скопје од понеделник ќе ја одбележи Европската недела на мобилност „Пешачи со нас“
Од понеделник Град Скопје со низа активности ќе ја одбележи Европската недела на мобилност што годинава се одржува под мотото „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед“.
Целта е да се поттикнат граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење јавен превоз.
– Пред околу половина век, пешачењето и возењето велосипед го практикувале сите оние кои не можеле да си дозволат да поседуваат и користат автомобил. Меѓутоа, состојбата денес е поинаква и градовите повеќе не се во можност да го поднесат огромниот метеж од возила кои секојдневно ги загадуваат и заглавуваат улиците, велат од Град Скопје.
Активностите со кои ќе се одбележи Европската недела на мобилност ќе траат до 22 овој месец.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ