Град Скопје: На в.д. директорот на ЈСП Иван Илиевски му истече мандатот
Директорот на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје (ЈСП), Иван Илиевски нема поднесено оставка, туку му е прекинат мандатот како вршител на должноста директор, информираа од Град Скопје.
-Ја информираме јавноста дека на досегашниот вршител на должноста Директор во Јавното сообраќајно претпријатие, Иван Илиевски му престана мандатот како В.Д. Директор. Постапката за избор и именување на нов В.Д. Директор на ЈСП е во тек.
На досегашниот директор градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му се заблагодари за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследи со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие со неговиот добар менаџмент и посветена работа, претпријатието го остава во добра организациска поставеност, решен голем број на проблемите како на граѓаните така и на вработените.
Од преземањето на функцијата, во рок од еден месец, в.д директорот Иван Илиевски во ЈСП презема повеќе мерки за зголемување на бројот на автобуси на сите линии, а вратени беа во функција и повеќе линии кои речиси две години беа времено укинати.
Истовремено, во сообраќај се пуштија неколку пробни линии, сето ова со цел да се олесни на граѓаните, корисници на јавен превоз, подостапно и побрзо превезување од/до потребните дестинации, пишуваат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час