Град Скопје ќе пробива улица која ќе ги поврзе Кисела Вода и Аеродром, Шилегов побара трпение од граѓаните поради градежните активности
Ќе се пробива улицата „Есенинова“ во Кисела Вода која ќе ја поврзе населбата со општина Аеродром. Во должина од 730 м ќе почнува кај Рампа, покрај пругата кон амбулантата „Пролет“ ќе излегува на булевар „Трета македонска бригада“. Овој проект ќе чини 1.154 000 евра а треба да биде завршен до пролет. Улицата ќе има 4 коловозни ленти а локалните власти очекуваат значително да се намали метежот во овој дел од сообраќајот.
- „Предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација.
Оваа нова улица за граѓаните ќе значи многу побрзо патување и кратење за повеќе од десетина минути од времето потребно за движење, а ќе се намали и метежот во сообраќајот. Со тоа, ќе влијаеме на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух“
Шилегов најави реконтрукција и изградба на над 20 сообраќајници во сите 10 општини кои ќе чинат 760 милиони денари а поради отежнатото движење во сообраќајот повика на трпение кај граѓаните.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала