Македонија
6. August 2016 - 20:35

Град Скопје апелира граѓаните да останат во домовите, автомобилите да престанат да се движат

Апелираме до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот. Дополнително, апелираме до сите лица кои се со моторни возила и се во моментов затечени во сообраќај од невремето, истите да останат во нивните возила, да не се движат (возат) и да почекаат да заврши невремето и да се нормализираат условите за одвивање на сообраќај, се наведува во апелот од Град Скопје.
 
Воедно, оттаму информираат дека во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број на скршени и паднати дрвја.
 
Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања.