Грабеж на бензиска во Куманово
Две непознати лица ноќеска ја ограбиле бензинската пумпа „Китка Петрол“ лоцирана на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка во населбата Карпош.
МВР соопшти дека 25 минути по полноќ две машки лица маскирани со фантомки на глава, ракавици и пиштоли во рацете, влегле во бензинската пумпа. Едното лице му вперило пиштол во глава на вработениот и два пати го удрило со пиштол во предел на главата, му ги одзел парите од дневниот пазар, а потоа и парите од фиоката. Другото лице влегло во канцеларија кај втората вработена и со закана и барало пари.
Сторителите, според МВР, одзеле повеќе кутии цигари и лименки со пијалоци, по што побегнале во непознат правец. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на непознатите лица.
Ново на Сител
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари