Грабар-Китаровиќ нема да му ги одземе медалите на воениот злосторник Праљак

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќизјави денеска во Бјеловар изјави дека нема да му ги одзеде медалите на Слободан Праљак, бидејќи ги добил за „одбрана од големосрпската агресија“.
Хашкиот трибунал го осуди Праљак на 20 години затвор за воени злосторства извршени на територијата на Босна и Херцеговина. По изрекувањето на пресудата, Праљак во судницата испи отров цијанид, по што почина во болница.
- Тие луѓе одликувањата ги добија за одбрана од големосрпската агресија и јас тие медали нема да им ги одземам. Праксата досега не се применуваше, освен во случаи на одлука на домашното законодавство, истакна хрватската претседателка.
Според Правилникот за одликувања и признанија, претседателот на Републиката може да ги одземе одликувањата или признанијата согласно одребите на Законот. Во еден од тие членови пишува: Државната комисија за носителите на одликувања или признанија, кои се правосилно осудени на безусловна казна затвор од најмалку три години, ќе предложи одземање на одликувањата или признанијата.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
