Грабар-Китаровиќ ги повика граѓаните да гласаат за нејзиниот противкандидат Милановиќ

За време на гостувањето на телевизијата Н1, кандидатката за хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ги повика граѓаните на изборите, да го заокружат бројот 1.
Под овој број, во вториот круг на претседателските избори во Хрватска се наоѓа нејзиниот противкандидат Зоран Милановиќ, јави дописникот на МИА од Загреб.
– Почитувани гласачи, ве повикувам да излезете на изборите на 5 јануари и да го дадете својот глас за Хрватска која ќе го продолжи процесот на раст и развој и за Хрватска која знае и може подобро, Хрватска која е горда на своите вредности и нема комплекс на помала вредност и во светот е рамноправен соговорник. Ве повикува да го заокружите бројот еден на гласачкото ливче, изјави Грабар-Китаровиќ.
Оваа информација прв ја пренесе порталот 24sata.hr, а коментарите во Хрватска се дека се работи за очигледен гаф на Грабар-Китаровиќ на само една недела до решавачкиот круг избори.
Од хрватската Државна изборна комисија кажаа дека прв на гласачкото ливче според правилата е кандидатот кој освоил најмногу гласови во првиот круг, а тоа е Милановиќ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
