Говорот на Трамп засенет од партиски поделби и конфликт со Пелоси
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по третпат се обрати до нацијата во традиционалниот годишен говор наречен „за состојбата на единството“. Настанот беше засенет од партиски поделби и конфликт со Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом.
Присуството на Трамп во големата сала на Конгресот на САД беше пречекано со половичен аплауз и мало воодушевување, ако се спореди со поранешните. Тој се ракуваше само со неговите републикански подржувачи.
Во сите акцентирани моменти од говорот, беше очигледно дека демократите не беа задоволни и седеа, а некои дури и вртеа со глава, додека републиканците редовно стануваа и силно аплаудираа, а при крајот дури и скандираа „уште четири години“.
Острата партиска поделеност се виде на самиот почеток, откако Трамп според протоколот, предаде копија од својот говор на спикерката Пелоси, која седи зад него со потпретседателот Мајк Пенс. Но претседателот ја одби од неа подадената рака, по што таа при крајот на говорот, во знак на протест, ја искина копијата од говорот.
По се изгеда, Трамп не се ракуваше со Пелоси бидејќи таа ја измени традиционалната најава кога претседателот влегува во салата и која треба да гласи, „членови на Конгресот, посебна чест и привилегија ми е да ви го претставам претседателот на Соединетите Држави“. Наместо тоа, Пелоси ја скрати најавата и кажа: „членови на Конгресот, претседателот на Соединетите Држави“.
– За оваа навистина голема ноќ, нејзиното однесување беше ниско, изјавија од Белата куќа за конфликтот.
Длабоката партиска поделеност беше главната нишка што се проткајуваше низ целиот говор. Од антиимигратската реторика, до антиабортусот и здравствената заштита, за чии делови Трамп зеде заслуги кои веќе постојат во закон воспоставен од претходникот Барак Обама, иако сака да го укине.
-Нема да дозволиме социјализмот да го уништи американското здравство, порача тој.
Трамп говореше и за изборите, нарекувајќи го неговиот можен втор мандат како „големото американско враќање“.
И како што многумина очекуваа, главен акцент беше ставен на екомоијата, најсилниот адут од неговото тригодишното претседателствување – една од првите фрази на говорот беше „се отвараат нови работни места“.
-Цел свет гледа со восхит о успешната американска економија, истакна Трамп. Претседателот се осврна и на теми како национална безбедност и одбрана, и ги напомена успесите со сузбивање на криминалт дома и борбаа со тероризмот во светот.
Истакна дека успеал да ја направи „Америка повторно голема и почитувана во светот“.
Говорот на Трамп траеше час и десет минути, десеттина минути пократко од лани.
Неговиот настап се случи во услови на закана од негово можно разрешување, бидејќи денеска Сенатот во рамкте на судската постапка за импичмент, гласа дали тој треба да биде осуден или ослободен од обвиненијата, покренати од Претставничкиот дом контролиран од демократите.
Ново на Сител
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот