Готелмер: Црна Гора ќе стане членка на НАТО на пролет следната година

Процесот на формализација на членството на Црна Гора во НАТО тече лесно и природно поради што земјата ќе стане членка на Алијансата на пролет следната година, изјави денеска во Подгорица заменик генералниот секретар на НАТО Роуз Готелмер.
- Нема причина членството на Црна Гора во НАТО да не се формализира следната година, истакна Готелмер, во одговор на прашањето за датумот кога земјата ќе стане член на Алијансата.
Таа укажа дека НАТО не е само организација која се занимава со безбедносните ситуации, туку и помага во природните непогоди.
- Кога и да има земјата тешкотии од ваква природа, НАТО членките се тука да и помогнат, порача Готелмер, при завршувањето на меѓународните теренски вежби „Црна Гора 2016“.
Генералниот директор на Директоратот за вонредни ситуации, Мирсад Мулиќ нагласи дека присуството на 17 тимови на вежбите ја потврдува довербата која НАТО ја има во Црна Гора.
- Сигурен сум дека ја оправдавме довербата, наведе Мулиќ.
На вежбите учествуваа 17 спасувачки тимови од седум држави членки на НАТО и десет партнерски држави, а вкупно имаше 680 учесници.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
