Гостување на германскиот писател и фотограф Јоханес Беилхарц
Во Струмица вечер и во Гевгелија во сабота ќе гостува Јоханес Беилхарц, писател, поет, преведувач, сликар и фотограф од Германија, кој живее и работи во Рим. Неговото гостување го организира Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“ и е меѓу серијата настани за промоција на автори од светот.
Авторот ќе се претстави со изложба на црно-бели фотографии кои се дел од неговиот пообемен циклус што го работи во изминатите неколку години, а ќе има и поетска презентација.
Јоханес Беилхарц (1956) студирал англиски и романски јазици и литература на Универзитетот во Регенсбург, Германија, а потоа англиска литература/креативно пишување на Универзитетот во Колорадо во САД. Пишува на германски и на англиски јазик. Негови дела се застапени во најразлични изданија на англиски и германски, објавени во САД, Германија, Австралија, Романија и Индија.
Од 1980-та создава поетски читања, често придружени со џез и индиски класични музичари. Има учествувано на голем број уметнички настани и групни изложби во повеќе земји од светот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно