Гостувања на штипските актери на домашни фестивали

Актерите од Народниот театар Штип со претставата „Отворач на конзерви“ ова лето ќе гостуваат на фестивалот „Актер“ во Ресен, а кон крајот на август и на „Дојрански ракувања“.
Центарот за култура „Ацо Шопов“ оваа година ќе има мал ангажман во традиционалната манифестација Штипско културно лето. Според Миле Вртеовски, директор на Центарот, причините се од техничка природа, како што вели - поради недобро поставени климауреди не сака публиката да седи и да гледа претстави во топла сала.
- Имаме клими кои се поставени, но мислам дека се лошо позиционирани и кога ќе почне некој настан, претстава, мора да бидат исклучени. Сега се дислоцира една од климите и се работи на монтирање на две нови клими, рече Вртеовски на прес-конференција.
Претставата „На дното“ во режија на Дејан Пројковски не се игра на автентичната сцена во Центарот за култура поради проблемите со одводот кои објектот ги има при паѓање поголеми колчини дожд. Вртеовски вели дека и овој проблем се санира, така што за август најави „Неделата на театарот“ за штипската публика.
Народниот театар Штип на публиката можеби не и понуди поголем број премиери на сцената, но двете нови претстави - „Лазаревото писмо“ и „На дното“ по девет години донесоа награди од фестивалите „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и ФИАТ во Црна Гора. Првпат на сцената на Штипскиот театар се играше и „Ричард Трети“ од Шекспир, додаде Вртеовски.
Ново на Сител
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
-

Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила
-

Дневно над 200 повици во Итна помош поради топлото време
-

Ангелов и Јанчев ќе информираат за состојбата со пожарите во Кавадаречко
-

Двајца малолетници и скопјанец осомничени за крвничкото тепање во Гостивар
