-->
-->
Гостиварец прегазил пешак во Албанија
-->
Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило усмртил пешак.
- Лицето Е.И.(24) жител на Гостивар, Северна Македонија со своето возило удрил во пешакот М.П.(77) од село Омарај, Голема Малесија. Како последица од здобиените повреди пешакот починал, соопшти полицијата.
Сообраќајната несреќа се случила околу 5:40 часот во близина на селото Омарај.
Возачот на автомобилот е приведен во Полицискиот комесаријат во Скадар. Увидот треба да ја утврди причината за несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
