Македонија
15. August 2023 - 12:24

Гостивар: Во тешка сообраќајка повредени пет лица

Вчера  во 08.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(73) од Гостивар и патничко возило „Шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(57) од Тетово.

По несреќата, возачите и сопатниците од двете возила биле пренесени во Ургентен Центар во Гостивар, каде било констатирано дека кај двајцата возачи и сопатникот од патничкото возило „голф“, Ј.Л. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатниците Ш.А. и Ј.Ј. биле констатирани телесни повреди. 

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.