-->
-->
Гостивар и Работнички нов водечки тандем во ПМФЛ
-->
Шампионот Струга Трим Лум го доживеа првиот пораз во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Тоа го искористија екипите на Гостивар и Работнички кои по денешните победи се искачија на водечките две позиции.
Во градското дерби, Шкупи беше убедлив против Вардар.
Резултати на попладневните пет средби од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига:
Беса – Тиквеш 1:0
Пелистер – Силекс 1:0
Работнички – Струга ТЛ 2:0
Шкупи – Вардар 3:0
Воска Спорт – Гостивар 0:2.
Од 20 часот АП Брера Струмица ја пречекува Шкендија.
Лидер во поредокот е Гостивар со 7 бода, исто толку има и Работнички, Струга ТЛ остана на 6, Шкендија Шкупи и Пелистер имаат по 4, Силекс, Тиквеш, Брера, Беса и Вардар собраа по 3, последна е Воска со 1 бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители