Гостивар: Хотелот го претворил во бордел, 52-годишен маж подведувал девојки на проституција
На 21.03.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Н.Р.(52) с.Леуново, општина Маврово и Ростуше, со престој во с.Добри Дол, општина Врапчиште, гостиварско, за сторено кривично дело кривично дело: „трговија со луѓе“, предвидено и казниво по член 418-а став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во периодот од средината на март 2021, па сè до 20.03.2022 во угостителски објект на подрачје на Гостивар со кој управувал, подолг временски период со употреба на сила и закана, како и со злоупотреба на својата положба, подведувал на вршење проституција повеќе женски лица, наши и државјанки на Русија, Украина, Србија, за одреден паричен надоместок. Тие биле и трудово експлоатирани, со што стекнал за себе противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и Тетово.
Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, врз основа на судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на угостителскиот објект и претрес во деловни простории кои ги користи угостителскиот објект на подрачје на Гостивар во с.Добри Дол, а на 20/21.03.2022, при претрес, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Регионален центар за гранични работи Север и СВР Тетово беше затекнато пријавеното лице, три странски државјанки од Србија и една наша државјанка, како и шест лица гости во објектот. Н.Р. е лишен од слобода и изведен пред Судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица