Гостивар: Го викнал да се сретнат, па го претепал и насилно го ставил во автомобил
Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.
Обвинетиот на 31 јануари 2021 година, околу 16:30 часот во Гостивар, како што посочуваат од обвинителство ја загрозил сигурноста на оштетениот вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство на несигурност, загрозување и страв.
– Имено, обвинетиот му се јавил на оштетениот и го повикал да се сретнат кај игралиште во нас.Малеарди. Откако оштетениот пристигнал, обвинетиот го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото. Потоа обвинетиот насилно го внел оштетениот во своето возило и започнал да се движи по патот, постојано удирајќи го оштетениот со тупаници, заканувајќи се дека ќе го однесе во блиската шума каде ќе го тепа со дрво и шипка. Движејќи се со возилото, по пат ги пресретнал таткото на обвинетиот. Но и покрај тоа што татко му се спротивставил на насилството, обвинетиот продолжил да го удира оштетениот. Во тој момент оштетениот, кој од ударите се здобил со телесни повреди, успеал да избега од самото место, информираат од гостиварското обвинителство.
Ново на Сител
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла